Квалитетните и сортните вина на „Стоби“ благодарание на Дисконтот Рај од Охрид се најдоа на менито на охриѓани и гостите на Денот на виното во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Љубителите на виното имаа можност да пробаат и греано од најквалитетниот асортиман на вина кои ги има во Дисконтот Рај кој повеќе од две децении беспрекорно работи во Охрид. 

– Најдоброто грозје го заслужува само најдоброто. Само од комбинацијата на знаење, искуство пренесувано со генерации, модерна технологија и многу љубов и страст, може да се создаде најдоброто и највкусното вино, вино кое ја буди страста за животот. Нашата цел е единствена и нималку скромна– посветени сме на создавањето вина со врвен и беспрекорен квалитет. Вина доволно уникатни да го задоволат и напребирливиот вкус, а толку едноставни за секој да ги посака. Затоа, ги овозможиме најдобрите услови за остварувањето на таа цел. – изјавија преставниците од Стоби винаријата.

 

За забавата на градскиот плоштад синоќа задолежние беа Александар Митевски и Драган Б. Костиќ. 

OhridNews