Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од Советот на родители во училиштата, од Секторот за образование при локалната самоуправа, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2025“, во Охрид, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и местата на отворен простор каде, во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите, информираат од МВР.
Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници, практично ги применуваат своите полициски овластувања, потенцираат.
Практично, велат од МВР, мотивот е преку широка општествен аакција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби, пред се од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Кампањата, овој месец се спроведе во Дебар, а во наредниов период, и во другите населени места што ги покрива СВР Охрид.
OhridNews
фото. МВР