Денеска ќе бидат соопштени деталите за организирањето на годинешното издание на најмасовната црковно-народна манифестација во Охрид на состанокот кој ќе го одржи координативното тело за организирање на големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Кон празникот Водици охриѓани имаат посебен култ и години наназад илјадници верници како од градот, така и пошироко присуствуваат на големиот водосвет.
Со почитување и запазување на мерките за заштита од Ковид 19 минатата година се одржа манифестацијата посветена на големиот верски празник Богојавление – Водици, додека пак поради пандемијата немаше официјално организирање на Денот на рибарите и не се служеше традиционалната рибја чорба.
OhridNews