Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре, 27 ноември 2026 година (петок), ќе биде домаќинка на состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони, чии коорганизатори се претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ.

Процесот Брдо-Бриони е регионална иницијатива воспоставена во 2013 година со цел европска интеграција на земјите од Западен Балкан и стабилизирање на состојбите преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
Во пресрет на состанокот од СВР Охрид најавија засилени безбедносни мерки на магистралните, регионалните и локалните патишта, но и останатите делови од градот. Од понеделникот на сила е забраната за паркирање на возила на булеварот „Туристичка“.
Н.С.Ј.











