Утре, 27.11.2026, од 19:00 часот во малата сала при Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде одиграна детската претстава „Кловн“, како дел од програмата на Општина Охрид „Културата расте со децата-за сите деца“.

Претставата „Кловн” е во режија на Ѓорги Ризески, текст на Кристина Тодороска Петреска по мотиви на „Се бара стар Кловн” од Матеј Висниек.

Во претставата играат актерите: Адријана Билаловиќ Тодороска, Павел Маслов, Биљана Билаловиќ Вељаноска и Филип Кипровски. Костимите ги изработи Моника Гачева, а кореографијата е на Сања Русевска.

Влезот за претставата е бесплатен.

OhridNews