Охрид ќе биде домаќин на состанокот на министри за одбрана на САД – Јадранската повелба кој ќе се одржи на 1-ви декеври.
На состанок ќе присуствува Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, министри за одбрана или официјални претставници на САД, на земјите членки, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Црна Гора, како и министерот за одбрана на Бугарија, и министрите за одбрана или официјални претставници на земјите набљудувачи, Косово*, Србија и Словенија.
За време на состанокот ќе се дискутира за регионалните проекти, можноста за унапредување на регионална одбранбена соработка преку други форми на соработка, за заедничкиот придонес во операцијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и актуелната безбедноста состојба со која се соочува регионот. Учесниците ќе разговараат и за можностите за унапредување и зајакнување на родовата перспектива во министерствата за одбрана и вооружените сили.
OhridNews












