Состанокот, има превентивен карактер и значи запознавање со планираните активности, односно со мерките што СВР Охрид ќе ги спроведува, со цел безбедно одржување на матурските прослави, постигнување и одржување на висок степен на безбедносна култура и безбедносна свест кај матурантите, како и превенирање на асоцијалното однесување кај младите.
Денешниот состанок на советодавната група граѓани има и координативен карактер, во насока на заедничко договарање со останатите субјекти кои, имаат одредени надлежности во реализирањето на матурските прослави.
На состанокот, ќе биде поднесена компаративна анализа за состојбите за време на матурските вечери во 2009, 2010 и 2011 година, а ке се одржи кратка видео презентација за законските регулативи и обврските на родителите во врска со законот за прекршоците во јавниот ред и мир, и законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
На состанокот, што денес, ќе се одржи во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески„, покрај претставници на СВР Охрид, ќе присуствуваат и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа, од државниот просветен инспекторат, од локалниот совет за превенција, од советот на родители, претставници од општата болница и здравствениот дом, од центарот за социјални работи, невладините организации, од агенциите за обезбедување, како и членови од матурантските и полуматурантските одбори.