Во Охрид снегот формира мала прекривка. Улиците низ градот и околните населени места се проодни и третирани со механизација и абразивни средства, информира јавното комунално претпријатие.

По вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни во повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната расположлива механизација на Ј.П. „Охридски Комуналец” за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски услови. Во текот на ноќта и од рано утрово се интервенираше со абразивни средства на повисоки места и тоа: Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско, соопшти ЈП „Охридски Комуналец“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. нтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево., информира АМСМ.

OhridNews