Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на конгрес што ќе се одржи во Скопје ќе ги разгледува резултатите постигнати на штотуку завршените избори. Делегатите на конгресот ќе се изјаснати за политиките на раководството на партијата, односно ќе гласаат за доверба на претседателот Заев и соработниците кои се на чело на партијата.

На конгресот на СДСМ му претходеше жестока внатрепартиска расправа, а беа и побарани оставки од раководството на партијата. Во јавноста се шпекулираше дури и со имиња за наследници на Заев на лидерската позиција на партијата. Од друга страна актуелниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, очекува да ја добие довербата на делегатите и најави обединување на партијата по конгресот.

OhridNews