Владата планира  да ги поевтини трошоците за геодетски елаборат за легализација на дивоградбите само за лицата кои примаат социјална помош. Одлуката ќе биде донесена на наредната седница, најави премиерот Никола Груевски.

„Сите приматели на социјална помош ќе добијат силна поддршка во правец на легализација на нивните дивоградби. Ова е дел од нашите напори за забрзување на завршувањето на процесот на легализацијата на дивоградбите.“ – рече Груевски.

Според него, Катастарот изминатите недели и месеци имал долги преговори со здруженијата на геодетите, при што двете страни се согласиле цената на елаборатите за легализација на дивоградбите за лицата приматели на социјална помош да се намали за 50 проценти.

OhridNews