Здружението на граѓани „Совест“, денеска попладне, со почеток во 16 часот, организира протест пред зградата на Општина Охрид. Причина за протестот, како што стои во повикот на социјалните мрежи, е незаконското градење на Алипашина џамија.

Здружението на граѓани „Совест“ бара локалната власт да преземе законски мерки и да понесе одговорност за градежни активности на верскиот објект во охридската чаршија, кој е заштитен споменик на културата.

При посетата на Охрид на 29 март, премиерот Заев најави дека проблемите околу изведувањето на заштитно конзерватоски и реставраторски работи на Алипашината џамија каде се гради 32 метри високо минаре, ќе се решаваат низ дијалог по завршување на изборите.

OhridNews