Советот на општина Охрид даде зелено светло за формирање Совет за заштита на потрошувачи, како што велат од локалната самоуправа, со што ќе се подобри животот на охриѓани.

Во советот членуваат стручни лица кои биле избрани по претходно извршена комуникација со повеќе институции во градот кои дале свои предлози за луѓе кои ќе станат дел од новоформираниот совет.
 
Функцијата на советот е да прима поплаки од граѓаните во однос на цените на услуги во градот, но и во однос на квалитетот на услугите, кои потоа би се разгледувале во локалната самоуправа и би се контактирало со самите даватели на услугите со цел евентуална корекција на цените и услугите во однос на дадените забелешки, информира секретарот  на општина Охрид, Димитар Спасески.  

Во Советот за заштита на потрошувачи членуваат : советниците во советот на општина Охрид Јадранка Василевска- Здравеска и Јован Стојаноски, Миланка Панделеска- Здружение на пензионери, Соња Ристоска- Андоноска-  од ЈП „Охридски комуналец“, Игор Блажески- РЕ Водовод, Ѓорѓи Бошалески- од подрачната единица на министерството за економија и Вангел Спироски од охридската Организација на потрошувачи.  

Т.К.