Во светот на убавината има безброј совети и правила кои ќе ве направат да изгледате прекрасно. Во листата која е напишана подолу ви откриваме неколку совети кои треба да ги знае секоја девојка.

1. Во летните периоди употребувајте минимална количина на шминка. Минималната и чиста шминка е најдобар начин да изгледате прекрасно кога времето е топло.

2. За да го спречите бледнеењето на бојата за коса во летните периоди, користете кондиционер и балсам за коса еднаш неделно.

3. Секогаш нанесувајте руменило два прста подалеку од носот.

4. Ако сакате вашиот маникир да ви стои подолг период, нанесувајте безбоен лак за нокти на секои два дена.

5. Главна причина што вашата маскара е ронлива е дека е многу стара или сува. Бидете сигурни дека добро сте ја затворите маскарата по употребата со што таа ќе ја задржи својата влага.

6. Во текот на летото може да заборавите дека вашите нозе може многу лесно да изгорат. Бидете сигурни дека користите крем за сончање со минимум СПФ 50 кога сте боси.

7. Ако сакате вашите кадрици да останат исти подолг период, бидете сигурни дека пред да ги ставите витлерите косата ви е целосно сува.

8. Секогаш отстранете ја шминката пред спиење. Изгледот на “Утрото-потоа” никогаш не било добро за никој.

9. Секогаш користете крем со СПФ наутро па дури и во зимските периоди.

10. Одете на фризер на секои 6-8 недели за да немате оштетени краеви на косата кои ја прават вашата коса да изгледа неуредно.

11. Ослободете се од старите шминки најмалку еднаш годишно, за да ја обновите шминката на која и е истечен рокот или да ја отстраните онаа која не ја користите повеќе.

12. Во текот на летото за да ги заштитите усните носете сјај за усни со СПФ.

13. Секогаш постојат ефтини, природни и ефикасни рецепти за уабавина кои можете да ги направите дома.

14. Морковите се добри за вашата коса.

15.Користете крем или млеко за да го измиете вашето лице. Кремовите помалку ја сушат вашата кожа отколку геловите.