
Оттаму со забелешки на усвоениот ребаланс на Буџетот на општината Дебарца за 2013 година, кој не бил поддржан од петте советници од СДСМ, со образложение дека, со истиот се продуцираат нови нови трошења кои не се во функција на развојот на општината.
-Со усвоените измени од мнозинството во советот очигледно е дека се зголемуваат средствата за плати и непродуктивни трошења, во споредба со развојната компонента на буџетот. Со партиските вработувања на нови 8 лица во општинската администрација драстично се зголемија потребните средства за плати и надоместоци. Така, ако во 2012 година за основни плати и надоместоци се потрошени 6.760.175,оо денари, со ребалансот овој трошок се зголемува на 9.620.000,00 денари. Освен тоа, со ребалансот драстично се зголемуваат средствата во одделни ставки, а кои се непродуктивни трошења. Тоа јасно може да се види ако се направи споредба на одделни ставки, онака како беа потрошени во 2012 година, по завршната сметка и износите планирани со ребалансот на буџетот: патни и дневни трошоци во земјата од 8.000,00 се зголемуваат на 155.000,00 денари; патни трошоци во странство од 31.772,00 се зголемуваат на 365.000,00 денари ; телефон од 328.931,00 се зголемуваат на 550.000,00 денари ; горива и масла од 492.056,00 се зголемуваат на 600.000,00 денари…., стои меѓу другото во соопштението на Советничката група на СДСМ во советот на општина Дебарца.












