Предлог- одлуката за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година, е меѓу предвидените 69 точки на дневен ред на седницата на советот закажана на 2-ри април, вторник, со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за предлог- одлуките за формирање комисија за процена и утврдување на висината  на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, за одобрување изјава на единка корисник на финансиска поддршка на дел од училиштата. Ќе се разгледува и годишниот извештај за спроведувањето на програмата за развој на Југозападниот плански регион и годишен извештај за работењето на  Центарот за развој на југозападниот плански регион за 2018 година, како и годишната сметка за работата на ЈП„Билјанини Извори“.

На дневен ред се и бројни предлог одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти.

OhridNews