Предлог–годишна програма за измени и дополнување на годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2019 година и Предлог–програмата за измени и дополнувања на Програмата за изработка на  урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2019 – 2021 година, се меѓу 45-те точки на дневен ред на наредната седница на советот на општина оХрид, закажана на 30-ти мај, четврток со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за извештаите за реализација на програмите во првите три месеци од 2019, на секторите при локалната самоуправа, извештаите за работење на јавните претпријатија, како и за остварувањето на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2019 година.

OhridNews