Во насока на непречено одвивање на активностите за изградба на новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“ на 38-та седница на Совет на Општина Охрид одржана денеска, беа изгласани измените за дополнување на развојната Програма за капиталните инвестиции на Општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА).

Измената се прави со цел паралелно да се одвиваат сите градежни и тендерски постапки за сите фази на новиот простор за потребите на „Кочо Рацин“ во просториите на поранешната Касарна. Бидејќи сите фази за изработка треба да се одвиваат паралелно и да нема дополнително трошоци се носат овие измени. Плаќањето на оваа фаза ќе биде во 2025 година, како што се предвидува со измените, а износот е 19 милиони денари, вели советникот Перчо Божиновски.
На седницата беа усвоени и годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на Општина Охрид за 2024 година, како и урбанистичко – плански документации.
Н.С.Ј.













