Советот на општина Охрид во понеделник, 30 јуни, со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и осмата седница.

На Дневен ред се 28 точки, меѓу кои одлуките за давање согласност на годишниот план за вработување за 2026 во училиштата, одлука за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2025 година на ЈП „Градски пазар“ – Охрид, давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетот на Општина Охрид согласно Договорот за финансирање SERAPIS бр. 2018-0837.

Пред советниците и одлуката за определување на работното време на вршителите на занаетчиски дејности, продолжување на работното време на вршителите на занаетчиски дејности, изменување на одлуката за отстапување дел од недвижен имот и опрема на времено користење на ЈП „Билјанини извори“ Охрид, како и неколку точки кои се однесуваат на донесување на урбанистичко – планска документација.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews