Во петок (26 декември) со почеток во 9 часот Советот на Општина Охрид ќе ја одржи петтата седница. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

На Дневен ред се 82 точки меѓу кои буџетот за 2026 година, како и програмите во различни сфери. Пред советниците се и одлуката за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, продолжување на работното време на угостителските објекти, одржување на јавната чистота и паркови  и зеленило на територијата на град Охрид, утврдување предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општините Охрид, Битола и Ресен, како и дополнување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на општина Охрид.

Повеќе информации за Дневниот ред на линкот.

OhridNews