Tриесет и втората седница на Советот на Oпштина Охрид ќе се одржи во понеделник, 11 септември, со почеток во 09:00 часот.
На дневен ред се 14 точки, а советниците ќе расправаат за измените на програмите.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за млади и невладини организации за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за урбана опрема – изградба и одржување за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата други комунални услуги за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2023 година.
- Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2023 година.
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2023 година.
OhridNews