Актуелниот лидер на огранокот на Либералдемократската партија во Охрид и советник, Дејан Блажески, не е веќе ерген. Тој на големиот празник Велигден, ја побара за сопруга својата девојка Љупка со која е во врска подолго време.

Убавиот момент Блажески го сподели со блиските пријатели, а свадбената забава вљубените ја планираат на есен.

OhridNews