Советник во Општина Охрид, Љупчо Настоски, денеска , на детското одделение при Општата болница во Охрид, заедно со неговото семејство донираа накитена елка, која ќе го краси холот на оваа установа.
Задоволството е огромно кога се помага на најранливата категорија граѓани, а оваа скромна донација треба да биде поттик за сите хумани луѓе, истакна советникот Настоски.
„Како што знаете, донацијата е само една од многуте кои ги остварив во изминатиов период. Иако оваа е прилично скромна, сметам дека ќе допре до срцата на најмладите кои престојуваат во ова одделение. Кога слушнав дека се уште немале накитена елка, осетив потреба дека треба да помогнам. Сакам најмладите да ја почувствуват предновогодишната атмосфера, и верувам ќе им значи многу.“ – рече Настоски.
Од детското одделение изразја благодарност до советникот Настоски, чиј хумант гест, како што рекоа, треба да биде потик за сите граѓани. „Сакаме да му заблагодариме од срце на советникот Настоски, чија донација ќе ги израдува најмладите. Среќни сме што ете, некој се сетил на нас во оваа предновогодишна еуфорија. “ – велат вработените во ова одделение.
Инаку, изминатиов период, независниот охридски советник реалзираше повеќе донации, со цел подобрување на условите во институциите каде што престојуваат најмладите.
O.T.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com