На 11- ти март, вторник, со почеток во 13 часот ќе се одржи дваесеттата седница на советот на општина Охрид на која советниците ќе расправаат околу извештаите од работењето на одделенијата и секторите при локалната самоуправа.

Пред советниците  ќе се најдат и годишната сметка и предлог одлуките за извештаите од работењето  на јавните претпријатија за периодот од 01.01. – 31.12.2013 година, извештаите за финасиското работење и  годишната сметка на училиштата во општината  за 2013 година, како и предлог одлуката  за усвојување на  Годишната програма  за поставување на  урбана опрема, за  утврдување  на  висината  на  комуналната такса  за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност и предлог одлуката  за  општински линиски превоз  на патници во  општина Охрид.

OhridNews