Предлог Одлуката за утврдување на Нацрт фискалната стратегија и развојните програми на општина Охрид за 2016 година е дел од дневниот ред на 48-та седница на Советот на општина Охрид, која ќе се одржи во четврток на 3-ти декември 2015 година.

Покрaј оваа точка советниците ќе распревааат и за Предлог Одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од обилни врнежи од дожд со поплави настанати на подрачјето на општина Охрид на 10-ти октомври; за Предлог Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комуналните услуги и за Предлог Одлуката за донесување на план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на општина Охрид.

Исто така на дневен ред на седицата ќе биде и Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2035 КО Долно Лакочереј.

OhridNews