Меѓу предвидените точки на дневен ред се предлог одлуките за усвојување на Годишните сметки и Извештајот за работењето на јавните претпријатија, предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување, а советниците ќе расправаат и за Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација, Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот .На дневен ред на седницата се и точките поврзани со паркинзите во општината и општинскиот линиски превоз.