Утре, со почеток во 11 часот, ќе се одржи шестата седница на советот на општина Охрид.

Меѓу предвидените точки на дневен ред се предлог одлуките за  усвојување  на   Годишните сметки и Извештајот за работењето на јавните претпријатија, предлог  Одлуката за усвојување  на  Извештајот за реализација на Програмата за  изградба  на  системи за   водоснабдување, а советниците ќе расправаат и за Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација, Програмата  за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај,   Извештајот  за  реализација на Програмата за поттикнување  на  развојот на туризмот .

На дневен ред на седницата се и Предлог Одлуката за дополнување на Одлуката за изменување  на Одлуката за отстапување   на користење на паркинг простори од општина Охрид  на ЈП „Билјанини Извори“, а ќе се расправа и за општинскиот линиски превоз.

OhridNews