Предлог одлуките за давање согласност за измени и дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“,  предлог одлуката за утврдување цени за користење на услуги на двокатниот панорамски автобус, предлог одлуките за утврдување зони за утврдување пазарна вредност на недвижен имот, за прогласување на дефицитарни занимања и занаети во изумирање на подрачјето на општина Охрид, предлог одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти, се само дел од вкупно 23 точки на дневен ред, предвидени на седмата по ред седница на советот на општина Охрид закажана во вторник, 2 јули.

Седницата ќе почне во 13 часот и 30 минути.

OhridNews