
– СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата врз општина Центар. По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните. Единствениот грев на Претседателот на ОО на СДСМ Центар и Претседавач на Советот на Општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта, велат од СДСМ Дебрца.
Од СДСМ бараат судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода.
Доколку не се исполнат барањата на СДСМ до почетокот на утрешната седница на советот на општина Охрид, извесно е дека и охридските советници од Сојузот за иднината , по примерот на нивните колеги од општина Дебрца нема да присуствуваат на седницата.
OhridNews











