Во среда, 29 јуни со почеток во 10 часот, Советот на Општина Охрид ќе ја одржи својата редовна, триесет и петта седница.
 
Предлог одлуката за организирање на режимот на сообраќај на дел од територијата на Општина Охрид, предлог одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штетите од невремето кое се случи на 9 јуни, како и предлог одлуката за утврдување на потреба од измена на урбанистичка планска документација заради усогласување на намени на земјиштето и трасите на сообраќајната инфраструктура, се само дел од вкупно 16- те точки предвидени за на дневен ред на седницата.

OhridNews