Советниците на денешната триесет и деветта седница на Советот на општина Охрид ги усвоија Предлог- програмата  за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2020 година како и Предлог Одлуките  за аплицирање на проект „ALTERNATIVE THEMATIC EXPERIENCES ROUTES“ и за  „LAKE ECOTOURISM NETWORK BETWEEN MUNICIPALITIES AND ORGANIZATIONS“, кои се во рамки на програмата „INTEREG IPA“ програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија.

На седницата беа изгласани и Предлог–одлуките за прифаќање донација нa црковни предмети за ново изградената црква Воведение на пресвета Богородица–Пречиста во населба  Рача и за  пренесување на правото на користење на канцелариски мебел сопственост на општина Охрид на основните училишта „Григор Прличев“ и „Христо Узунов“. Усвоени беа и предлог одлуките за пренесување на правото на користење  канцелариски мебел сопственост од општината на Јавните претпријатија: „Билјанини Извори”, „Градски пазар“ и „Охридски Комуналец” како и на  СВР Охрид. Советниците ги изгласаа и Предлог–одлуките  за утврдување на висината на  надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година и за давање согласност на одлуката за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба“ со статус на административни службеници за 2020 година.

Седницата заврши со усвојување на Предлог-одлуките  за именување членови во надзорниот одбор за контрола на материјално–финансиското работење на ЈП „Водовод“ и за давање согласност на одлуката за  донесување на статутот на ова јавно претпријатие.

OhridNews