Предлог – Одлука за долгорочно задолжување на општина Охрид, ќе се најде на дневен ред на 61-та седница на Советот на Општина Охрид, што ќе се одржи на 22 јули, четврток.
Целта е целосно раздолжување на општината, нејзина финансиска консолидација и почеток на нов развоен циклус односно создавање на услови за долгорочно планирање и инвестирање во реализација на проекти.

Покрај оваа точка, на дневен ред на 61-та седница ќе се најдат и повеќе предлог-одлуки поврзани со работењето на училиштата и градинките, како и Предлог – Одлуката за отстапување на времено користење простор и спроведување постапка за формирање на Младински центар – Охрид.
OhridNews












