Денес се одржа 65-та седница на Советот на Општина Охрид, со единствена точка на дневен ред- Предлог одлука за збратимување на Охрид со полскиот град Огроџењец.

На седницата присустуваа 14 советници, кои едногласно ја прифатија одлуката за збратимување. Со посебен документ ќе бидат прецизирани областите во кои ќе се одвива идната соработка.

Начелно на претходно одржаната средба на градоначалниците на двете општини во присуство на претставници на локалните администрации и туристички работници од двата града, стана збор за унапредување на соработката во економијата и туризмот, за што се формирани работни групи од двете страни од повеќе сектори.

OhridNews