Советот на општина Охрид на третата седница што се одржа денеска, ги усвои предлог одлуките за програми од работата на општинската администрација и јавните претпријатија за 2018 година.

Советниците го дополнија дневниот ред со предлог одлуките за одобрување за кофинансирање на проект финансиран од Бирото за регионален развој согласно програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година и за исплата на долгот на ОУ “Григор Прличев“ кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија, кои едногласно беа прифатени.

На седницата беа и две точки од урбанистичката сфера, кои исто така едногласно беа прифатени. 

OhridNews