
Јорданов за почесен граѓанин на Охрид. Јорданов се прогласува за почесен жител заради
исклучителните заслуги за афирмација на Охрид во Европа и Светот.
–
Минчо Јорданов, како бизнисмен, менаџер и политички истакната личност
во меѓународни размери, со својата активност и љубов кон градот на
Климента со години наназад, несебично и неуморно придонесува за
афирмација на Охрид како духовен, стопански, културен, спортски и
туристички центар на Македонија – пронесувајќи го на тој начин
значењето на градот на УНЕСКО со сето негово културно- историско
наследство и природни убавини. Како вистински вљубеник во Охрид,
потврдувајќи се себеси и како филантроп и мецена, Минчо Јорданов во
1998 година целосно ја донираше со свои средства изградбата на спомен
куќата на Григор Прличев, по кого Охрид е препознатлив на далеку, се
наведува во образложението на одлуката за прогласување на Минчо Јорданов за почесен граѓанин на Охрид.












