
Советниците ќе ги разгледаат и предлог одлуките за извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, а ќе се дискутира и за утврдувањето на касовиот максимум во општинската благајна.
На седницата ќе се дискутира по 37 точки. Дел од нив се од сферата на урбанизмот, а ќе се расправа и за легализација на бесправно-изградени објекти.











