
Тој неодамна изјави дека локалната самоуправа формира комисија составена од пет членови, меѓу кои адвокат, правници, сообраќаен инжинер и економист за испитување на регуларноста и економската оправданост од давањето на паркинзите под концесија.
Согласно наодите на стручните служби, потоа се очекува да биде донесено соодветно решение околу стопанисувањето со паркинг- просторот во централното градско подрачје.











