Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи дваесеттата седница.

Советниците ќе расправаат околу извештаите од работењето на одделенијата и секторите при локалната самоуправа. Пред советниците ќе се најдат и годишната сметка и предлог одлуките за извештаите од работењето на јавните претпријатија за периодот од 01.01. – 31.12.2013 година, извештаите за финасиското работење и годишната сметка на училиштата во општината за 2013 година, како и предлог одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема, за утврдување на висината на комуналната такса за користење на простор пред деловни простории за вршење на дејност и предлог одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид.

OhridNews