Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на територијата на општината за време на одржување на културни, туристички и други јавни манифестации.

- за 1 час на следните датуми:
26, 27 и 28 јули,
5, 6, 7, 9, 13, 14, 15, 26, 28 и 29 август,
8 и 28 септември,
11 и 23 октомври,
1, 8 и 22 ноември,
21 и 25 декември 2026 година. - за 2 часа на:
1, 2 и 3 август 2026 година.
Оваа одлука има за цел да овозможи непречено одржување на планираните манифестации, да ја поддржи туристичката сезона и локалната економија, како и да придонесе за подобра организација на настаните што ја афирмираат Струга. Општина Струга продолжува да создава услови за развој на туризмот, угостителството и културниот живот, почитувајќи ја законската регулатива и интересот на граѓаните, потенцираат.
OhridNews












