Предлог Годишната програма за работа на Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2016 година како и детали за тековнитe активности на Советот се дел од точките на дневниот ред на денешната седница на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Охрид.
-Програмата за работа за 2016 година предвидува реализација на повеќе значајни проекти и активности насочени кон сите целни групи-учесници во сообраќајот со цел подигнување на јавната свест за унапредување на безбедноста на сообраќајот во Охрид и едукација на сите целни групи. Во Годишната програма се предвидени активности за афирмација и имплементација на Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот до 2020 година, а посебен приоритет ќе биде изработка на Локална стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во Охрид, со тоа општина Охрид би била првата општина во Република Македонија што би усвоила ваков документ, објаснува Стефан Димоски претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид.
Според него, во Годишната програма се предвидени и низа проекти и кампањи за подигнување на безбедноста во сообраќајот и соработка со сите релевантни институции во општината, невладините организации, здруженијата, медиумите и други субјекти.
OhridNews
П р е т с е д а т е л
м-р Стефан Димоски