Општина Вевчани, на веб страната на Бирото за јавни набавки објави тендерска документација по оглас за барање за прибирање понуди  за партерно уредување на парк во центарот на Вевчани.

Некогашната самопослуга, што беше диво изграден објект и претставуваше грда слика во центарот на Вевчани,  е отстранета. Општина Вевчани одлучи ова место да го уреди како парк кој ќе претставува ново место за одмор како за туристите така и за граѓаните на општина Вевчани, велат од локалната самоуправа на општина Вевчани.

Во рамки на паркот  е предвидено да се подигне и спомен биста на светски познатиот научник Михајло Пупин, чии семејни корени потекнуваат од Вевчани.

OhridNews