Охридската библиотека „Григор Прличев“ продолжува со збогатување на книжниот фонд. Деновиве набавени се неколку најнови изданија на речници во тврд повез.


Станува збор за Македонско- италјански речник од авторот Наум Китаноски, Македонско- полски речник, голем македонско- германски речник, Толковен речник на современиот македонски јазик од Зозе Мургоски, македонско- француски речник од Алекса Попоски и Петар Атанасов, економско- деловен англиско македонски  речник, македонско- турски речник, Странски имиња од авторот Лидија Арсова Николиќ, Да учиме турски без учител, Речник на топонимите од Олга Иванова.


Неодамна беа набавени и голем број лектирни изданија за учениците, а дел од книжниот фонд се и луксузните изданија на книгите “Чудесна Македонија“ и енциклопедијата “Општа Наука“ .

Т. К.