Охридските стрелци во пионерска конкуренција со два трофеи во екипен пласман и три одличја поединечно ја завршија сезоната во Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје-национална пограма.

На стрелиштето во Кисела Вода во Скопје првото место со 485 кругови им припадна на пионерската екипа од Стрелачкиот клуб Охрид во состав Марија Ванѓеловска, Марија Ангеловска и Ива Маленко. Во поединечна конкуренција Ванѓеловска заврши на третата позиција поради послабиот учинок во последната серија од второпласираната на пиедесталот.

Пионерите од ЖСК Лихнидос во состав Бојан Спасеновски, Никола Спироски и Кристијан Џепароски со вкупно 519 кругови се закитија со златен медал. Поединечно Спасеновски финишира на второто место, а третатата позиција му припадна на Спироски.

Дел од стрелците кои ги бранеа боите на охридските клубови поради старосната граница завршија со настапите во пионерска конкуренција и од следната година ќе се натпреваруваат во меѓународната програма.

OhridNews