Сојузот на Лајонс клубови каде членуваат и охридските клубови донираше најсовремен електрохируршки генератор на ЈЗУ Општата болница со проширена дејност во Кочани. Овој апарат овозможува многу прецизни и минимално инвазивни интервенции, а се користи во секоја гранка на хирургијата – од општа хирургија, урологија и гинекологија до реконструктивни и специјализирани интервенции.

Од Сојузот посочуваат дека повредените во пожарот ќе можат во следните фази да се лекуваат во Кочани, потенцирајќи дкеа електрохируршкиот генератор овоможува побезбедни, попрецизни и поефикасни хируршки интервенции од страна на лекарите во болницата која згрижува голем број пациенти од источниот дел на државата.

Ова е донација од срце, од нашите 30 клубови со околу 700 членов,и а со исклучителна и несебична помош од Лајонс клубовите од Словенија, Хрватска и Австралија. Ние сме волонтери,  обични граѓани кои сакаат да дадат онолку колку што можат од себе за доброто на своите сограѓани, истакна гувернерката на Лајонс Д132,  Маја Костовска.

Lions Clubs International е најголемата сервисна волонтерска организација во светот со над 1.4 милиони членови во повеќе од 50,000 клубови низ 210 држави и географски региони во светот.

Сојузот на Лајонс клубови – Д132 е дел од ова глобално семејство и веќе 28 години членовите посветено и волонтерски работат за подобрување на здравјето и благосостојбата, зајакнување на заедниците и поддршка на нашите сограѓани на кои им е потребна помош.

OhridNews