Домаќинот на Светското првенство во фубал 2018, Русија, со убедлив триумф над Саудиска Арабија ги отвори натпреварите во групата А. Попладнево на стадионот „Лужники“ Русија славеше со 5:0.
Серијата голови на „зборнајата“ ја отвори Газински во 12 минута. Черишев со убав гол во 43 зголеми на 2:0, Џјуба во 71 стрелаше за 3:0, а високата победа на домаќинот на Мундијалот во судиското продолжување ја потврдија Черишев со најубавиот гол на мечот и Головин.
Во вториот дуел од А групата утре се среќаваат Египет и Уругвај.
Утре на програмата се и две средби од групата Б: Мароко – Иран и Португалија – Шпанија.
Г.М.