Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа и докажа светската класа. Во ибериското дерби во рамките на првото коло од Б групата на Светското првенство во Русија, вечерва во Сочи, Португалија и Шпанија одиграа нерешено 3:3, во натпревар со многу возбудувања и пресврти, во кој Роналдо постигна три гола.
Португалците поведоа од пенал врз Роналдо, кој тој го претвори во гол. Израмни Диего Коста, за Роналдо повторно да ја доведе Португалија во водство од 2:1, резултат со кој заврши првото полувреме.
Во второто полувреме Шпанија успеа да направи целосен пресврт со головите на Диего Коста и Начо, но аплаузите повторно ги собра Кристијано Роналдо кој со прекрасен гол од слободен удар во 88 минута ги постави конечните 3:3.
На табелата во групата Б во водство е Иран (3), пред Португалија (1), Шпанија(1) и Мароко (0).
OhridNews
извор: ФИФА