На светското клупско првенство ноќеска се одиграа два натпревари.
Во групата Е мексиканскиот Монтереј предводен од Серхио Рамос и Интер одиграа нерешено 1:1. Двата гола паднаа во првото полувреме. Рамос по прекин ја донесе екипата на Монтереј во водство, а израмни Лаутаро Мартинез по извонредна акција која започна со слободен удар.
Во вториот меч ноќеска во групата Ф, Улсан Хјундаи загуби од Мемелоди Сандаунс со 0:1.
Денеска се игра уште еден натпревар. Во групата Г Манчестер Сити се среќава со мароканскиот гигант Видад Казабланка.
Г.М.