Репрезентацијата на Словенија со рутински триумф 42-25 (22-13) над Ангола го започна Светското првенство во Франција.


Избраниците на Веселин Вујовиќ ги засукаа ракавите од самиот старт и лесно ја решија енигмата на стартот од Мундијалот.

Разликата на крајот можеше да биде уште поголема, но селекторот ја смена целата постава и шанса му даде на сите ракометари.

Во втората рунда од групата „змајчеките“ ќе играат со Исланд.

OhridNews