Селекцијата на Бразил ја забележа првата победа во квалификациите за Мундијалот во Русија 2018 година откако пред своите гледачи ја совлада репрезентацијата на Венецуела 3-1.
Светскиот вицепрвак Аргентина без капитенот Лионел Меси одново не успеа да триумфира ремизирајќи без голови со Парагвај на гостински терен.
Највозбудлив и најефикасен натпревар одиграа Перу и Чиле. Гостинската селекција во трилерот со седум голови триумфираше со 4-3.
Резултати : Еквадор – Боливија 2-0, Уругвај – Колумбија 3-0, Парагвај – Аргентина 0-0, Бразил – Венецуела 3-1, Перу – Чиле 3-4.
Табела : Уругвај 6, Еквадор 6, Чиле 6, Парагвај 4, Бразил 3, Колумбија 3, Аргентина 1, Перу 0, Венецуела 0, Боливија 0.
Ohridnews










