Селекциите на Аргентина и Нигерија се патници во осминафиналната фаза од Ф групата.

„Гаучосите“ со победата над Нигерија 3-2 го заверија првото место во групата додека Босна и Херцеговина со првиот триумф на Мундијалите против Иран 3-1 им ја отвори осминафиналната врата на нигерјците.

За одбележување се двата погодоци на Лионел Меси кој стигна до четвртиот на СП и двата голови на Муса кои не беа доволни за поволен резултат на Нигерија на дуелот со Аргентина.

Резултати : Нигерија – Аргентина 2-3, БиХ – Иран 3-1.

Табела : Аргентина 9, Нигерија 4, БиХ 3, Иран 1

Мх.П.