Селекцијата на Аргентина се извлече од пораз и освои бод на гостувањето во Венецуела ремизирајќи 2-2 додека Бразил славеше 2-1 против Колумбија.


„Гаучосите“ со головите Лукас Прато и Николас Отаменди во вториот дел успеаја да ја надохнадат негативата од два голови. Домаќините преку Хуанпи и Жозеф Мартинез стигнаа до водство, но не го задржаа и останаа без првата победа во квалификациите за СП во Русија.


„Кариоките“ со триумфот над Колумбија се изедначија со Аргентина на втората позиција на табелата. Човек на одлука беше капитенот Нејмар кој во 74-та минута погоди за конечна победа. Дефанзивецот на Бразил, Миранда погоди за 1-0 во 2-та минута додека неговиот партнер Маркињос со авто гол ги изедначи бројките на семафорот.

 
Резултати: Уругувај – Парагвај 4-0, Венецуеала – Аргентина 2-2, Чиле – Боливија, Бразил – Колумбија 2-1, Перу – Еквадор 2-1.

Табела: Уругвај 16, Бразил 15, Аргентина 15, Колумбија 13, Еквадор 13, Парагвај 12, Чиле 11, Боливија 7, Перу 7, Венецуела 2.

OhridNews